Македонија

Влада: Eкономијата силна како никогаш досега – „Извештајот на владата е поинаков од реалноста“, вели Адеми

Владата објави економска анализа, чии заклучоци велат дека во текот на овие две години владеење успеале да отворат повеќе од 54 илјади нови работни места, да ги зголемат минималната и просечната плата, отвориле нови фабрики, зголемени се странските инвестиции и  извозот . Економскиот аналитичар, Висар Адеми, вели дека овие резултати не треба да се сметаат како победнички, бидејќи, како што вели, извештајот на Владата е поинаков од тоа што се случува во реалноста.

Адеми го коментираше и конкурсот за вработувања во јавната и државната администрација. Според него Владата тоа вообичаено го прави за свои интереси со цел да победи на избори.

Оваа анализа е направена од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со министрите на економските ресори. Во оваа анализа се вели дека во текот на последните две години имаме најевтина струја во регионот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни