Македонија

„Заев ви скрати 450 денари од пензиите“ – Мицкоски преку видео обраќање до пензионерите

Како Заев ви ги намали пензиите и колку пари вие пензионери губите за 2019та и 2020та година? Ја објасни математиката преку  видео обраќањето Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,според кого  одземањето од заслужени пензии Заев го продал  како ново зголемување.

„Вие во овој период од две години, 2019 и 2020 година, требаше да имате повисоки пензии за 1.150 денари месечно, а Заев нуди покачување од само 700 денари месечно, или тоа значи дека Заев ви одзема 450 денари месечно и згора на тоа ви ја ускратува можноста за раст на пензиите во другите години, затоа што го промени законот“, изјави Христијан Мицкоски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни