4NEWS.mk

Со „југо“ удрил во мотоцикл, со тешки повреди се здобил мотоциклистот

На 23.11.2019 во 16.00 часот на крстосницата од ул. Илинденска и ул.Кочо Рацин во с. Сопот,кавадаречко се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило,,југо” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(40) од Кавадарци, и мотоцикл,,скиго’’ без регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од с. Сопот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој е пренесен во Општата болница во Кавадарци.Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадраци.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни