Македонија

Граѓаните од Визбегово протестираат, децата згрижени во домот прашуваат: „Зошто нас не нѐ сакаат“

Три деца кои се згрижени во домот за деца „Ранка Милановиќ“ во Визбегово утрово се префрлени во друг дом, бидејќи жителите излегоа на протест против децата.

Тие се жалат дека во вечерните часови децата се шетаат по куќите и прават проблеми. Додаваат дека постојано им бараат цигари и алкохол, а правеле штета и врз недвижниот имот.

🔴 [LIVE] Protestë në lagjen Vizbeg

🔴 [LIVE] Protestë në lagjen Vizbeg

Gepostet von TV21 am Sonntag, 24. November 2019

Директорката на домот ги отфрла овие наводи на мештаните и вели дека три деца се згрижени во домот и не прават проблеми. Таа додава дека досега нема ниту една пријава кај нив ниту во МВР за некакви проблеми направени од децата.

🔴 [LIVE] Protestë në lagjen Vizbeg

🔴 [LIVE] Protestë në lagjen Vizbeg

Gepostet von TV21 am Sonntag, 24. November 2019

Утрово децата биле префрлани на друга локација каде ќе останат до завршување на протестот, по што ќе бидат вратени во домот „Ранка Милановиќ“ во Визбегово.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни