4NEWS.mk

Тргнале на венчавка и загинале: 15 мртви во експлозија во Авганистан, меѓу нив 6 девојчиња и две бебиња

Најмалку 15 цивили, меѓу кои и шест девојчиња и две бебиња, загинаа во експлозија на бомба поставен покрај патот на североистокот на Авганистан.

Настрадаа цивили кои тргнале на венчавка.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека синоќа две лица се ранети во експлозија која одекнала во провинцијата Кундуз.

Според неговите зборови, загинале 6 жени, 6 девојчиња и две бебиња како и возач.

Министерството за внатрешни работи ги обвини Талибанците за овој напад, пренесе АП.

Американската агенција напоменува дека Талибанците контролираат или имаат големо влијание над повеќе од половината од територијата на Авганистан, како и дека речиси секојдневно изведуваат напади во кои мета се припадници на безбедносните сили и претставнци од владата, но и цивили.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни