4NEWS.mk

Хавзиу: Работниците станаа луксуз поради иселувањето, се помалку газди бараат пари назад

Директорот на трудовиот инспекторат Хавзиу вели дека работниците се повеќе се охрабруваат да пријават дека газдите не исплаќаат К-15.

Вели дека лани имало над 1.000 претставки.

Во однос на враќањето пари на газдите вели трудовиот инспекторат не е истражен орган и многу тешко може да докаже дека работникот вратил пари.

Таквите случаи работниците треба да ги пријават во МВР.

Сепак, според него, работниците во Македонија станаа луксуз поради масовното иселување. Затоа и се помалку газди бараат пари назад.

 
Даниел Василев

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни