Премиерот Зоран Заев се огласи за заканите во неколкуте бомби кои се појавија во последните неколку дена на интернет, упатени кон него и неговото семејство.
„Моите деца и моето семејство ми се светост како што му се светост на секој граѓанин веројатно децата и семејството и нема да дозволам влакно да им фали на главата како што нема да дозволам да фали влакно на главата на кој било граѓанин. Должен сум прво како родител, потоа како претседател на Владата да ги преземам сите мерки на претпазливост“, истакна денеска премиерот Зоран Заев.
„Ги слушнав заканите. Секако не верувам дека нешто ќе се реализира. Лично не верувам во организација на такви закани. Веројатно може да се случат такви закани под дејство на алкохол, под дејство на не знам какви не мотивации во каков било амбиент. Немам време многу да размислувам околу нив, но гледам мојата мајка, мојата сопруга моите деца размислуваат. Нормално мерките на претпазливост се преземени, рече Заев во одговор на новинарско прашање по денешната презенатација на иницијативата на Македонско-бугарската и Бугарско-македонската стопанска комора за ново интерконективно гасно поврзување меѓу двете земји со изградба на гасовод меѓу Струмица и Петрич.
Тој потенцира дега нему му е многу важна вистината и додаде дека судскиот процес треба да заврши со разрешница, да ги утврди сите вистини и да ја испорача казната за секој што се огрешил и го прекршил законот зашто, како што кажа, будното око на јавноста е сериозно насочено во случајот и очекува негова разрешница.
– Самиот судски процес треба да заврши со разрешница, да ги утврди сите вистини и да ја испорача казната за секој што се огрешил и го прекршил законот. Вистината излегува вака или онака. Најголемата вистина граѓаните ја очекуваат токму преку судскиот процес, да се знае точно што се случува, доказите што покажуваат и судот да донесе пресуда заради тоа што ова е еден од случаевите во коишто јасно се нотира решителноста на извршната власт да се врати правната држава, посочи Заев.