ТВ21 во изминатиот период спроведе анкета со прашање: „Од услугите на која банка сте најмногу задоволни?“
Најмногу од корисниците сметаа дека НЛБ Банка има најдобри услуги, или вкупно 294 гласа, или 22% од гласовите. На второто место се најде Комерцијална банка со 17% од гласовите или 228 гласа. На трето место Стопанска банка со 195 гласа или 14%.
Четвртото место за Халк банка 154 гласа, 5-та е Охридска банка со 78 гласа или 6%. Шпаркасе доби три гласа помалку, односно 75, додека УНИ банка 68 гласа.
Следува Силк Роуд банка со 56 гласа, ТТК банка 48, Стопанска банка Битола 44. За Централна кооперативна банка гласаа 38, а за Еуростандард 31 корисник. ПроКредит банка освои 29 гласа, Капитал банка само 9. Најмалку 6 гласа освои Развојна банка.
Гласањето почна на 4. декември, и траеше до денеска. Гласаа вкупно 1.353 корисници.