Во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле 14 сообраќајни незгоди.
Во седум сообраќајни незгоди со лесни телесни повреди се здобиле осум лица, додека пак во другите седум незгоди е причинета само материјална штета.
Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај се исклучени тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и шест нерегистрирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.
Казнети се и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено свелто и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло.