Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на својот Фејсбук профил објави дека Владите на Северна Македонија и на Србија го усвоија текстот на Договорот за отворање на заеднички граничен премин Лојане – Миратовац.
Тој нагласи дека Владите ги задолжиле министрите за внатрешни работи на двете земји да ги потпишат договорите во рок од седум дена и да почнат постапка за ратификација во собранијата.
Османи во постот, кој го објави вчера прикачи и фотографија со Нацрт – записникот од 169 седница на Владата.