Македонија

Дескоска за ТВ21 по реакцијата на Груевски: Вратата од мојот кабинет му е отворена, го поканувам да дојде

По Фејсбук статусот на Груевски, нов став побаравме и од Министерката за правда, Рената Дескоска. Таа за ТВ21 вели дека во текот на дебатата не искажала ништо ново што претходно не можело да се прочита во печатените и електронските медиуми.

„Вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде…“, вели Рената Дескоска за ТВ21.

Груевски на ФБ по емисијата на ТВ21: Дескоска да каже кои фирми сум ги преземал и станувал сопственик

Вечерва екс-премиерот, сега азилант Никола Груевски на Фејсбук побара од Дескоска да ги открие фирмите и веднаш доколку има такви да започне конфискација.

По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда…

Gepostet von Nikola Gruevski am Samstag, 14. Dezember 2019

Ставовите дека фамилијата на Груевски преземала фирми, министерката ги искажа во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни