Македонија

Од симптом до дијагноза – новата студија на радиологот, Зоран Трајковски

Македонската медицинска литература се збогати со уште една книга. Новата студија на радиологот, Зоран Трајковски, е наловена „ Практична педијатриска радиологија – од симптом до дијагноза“. Авторот на книгата вели дека ги користел најбрзите алгоритами за дијагностицирање, почнувајќи од ултразвукот, каде главната цел е што поскоро да се дијагностицира болеста.

Книгата содржи 17 поглавја каде е опфатено и педијатријата. Книгата има примери, фотографии, шеми.

Книгата беше промовирана во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Беа присутни многу доктори и професори, кои придонесот на проф. д-р Трајковски го оценија со високи оценки. Книгата е практична литература за луѓе на специјализација по радиологија, по педијатрија, по фамилијарна медицина, за матичните доктори, за специјализација по детска хирургија, хирургија, рече радиологот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни