Демократската унија за интеграција го одржа четвртиот изборен конгрес.
Делегатите едногласно го реизбра Али Ахмети за претседател, кој немаше противкандидат.
Исто така се гласаше и за измена на статусот на партијата, изборот на општи советници, партиска изборна комисија, беа избрани членови на новиот Национален совет и на Конгрес на постојаноста.
Ахмети во текот на неговиот говор рече дека на овој Конгрес се поставуваат темелите на ДУИ за следните 20 години.
Во период кога односите меѓу ДУИ и СДСМ не се многу добри поради Изборниот законик и Законот за јазиците, Ахмети зборуваше и за партнерството во владеењето.
Присутни беа и претставници на политичките парти од земјата, од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но не и од Алијанса за Албанците и Движење Беса. Имаше и функционери од Косово и Албанија.
Исто така на овој конгрес беа одредени и програмските приоритет на партијата, како што се консензуална Интеграција, Ветинг, Квалитетен живот, Развој и работни места, а Младите и натамо остануваат на прво место.