Македонија

Министерството за здравство со детали за пожарот во Градската општа болница во Скопје

Министерството за здравство информира дека вечерва е опожарена канцеларија (архивска просторија) во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.

Од пожарот повредени нема, други простории не се зафатени и причинета е материјална штета. Од страна на противпожарната единица пожарот е изгаснат.

Причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни