Македонија

Нова година се славеше и во затворот Шутка – на менито ќебапи

Новата 2020 година се славеше и во Истражниот затвор Скопје, познат како „Шутка“.

Оваа година затворениците добија и ќебапчиња на менито, кои беа добиени од донација.

На брифинг со новинари, директорот на затворот, Есад Рахиќ, рече дека еден дел од затворот е реновиран, додавајќи дека има уште работи да се направи.

Во затворскиот простор не изостанува ниту корупцијата, како што е пазарење меѓу полициските службеници и затворениците.

Директорот Рахиќ, вели дека се преземени мерки, но дека корупцијата не може да се елиминира целосно.

Во затворот „Шутка“ еден стражар чува тројца затвореници.

Неодамна се примени на работа 11 полицајци, а се очекува да се вработат уште 10 други. Во овој затвор, казна служат вкупно 350 затвореници.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни