Македонија

МОЈ ДДВ: Блиску 6,9 милиони евра исплатен поврат со скенирањето на фискални сметки

Од УЈП ги објавија податоците по повод првите две тримесечја од почетокот на „Мој ДДВ“, односно кога се има можност да се направи поврат на ДДВ со скенирањето на фискалните сметки.

Така корисници на апликацијата се 213,575 граѓани. Биле скенирани преку 52 милиони фискални сметки, односно сумата на пари кои биле вратени кај граѓаните биле 423,864,475 денари, или 6,892,000 евра.

Од УЈП истакнуваат дека повратите за октомври, ноември и декември ќе бидат исплатени во февруари оваа година.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни