Логистичката поддршка на Бојан Јовановски во Меѓународен сојуз најверојатно ќе седне на обвинителка клупа. Пратеничката Фросина Ременски според обвинителниот акт кој обвинителството го поднесе до судот, се товари дека помагала во измамите на Боки 13.
По ова веднаш реагираше Ременски. Вели дека токму вчерашниот ден, кога Собранието избира техничка влада, не се случајно избран.
„Факт е дека причините за политички елиминации на најгруб можен начин се уште функционираат и јас сум длабоко убедена дека изборот на денешниот ден не е случаен“, истакна Фросина Ременски, обвинета во „Рекет“.
Ременски која досега има поднесено 16 кривични пријави, главно против лица на високи позиции во МВР за кои се сомнева дека се замешани во нејзината диксредитација. Таа побара и помош од новиот опозициски министер за внатрешни работи.
„Очекувам соработка од новиот министер за внатрешни работи, којшто можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања којшто не беа отворени во изминатиот период, со тоа да добијат на гласност, а со тоа и опозицијата да покаже дека стои на ставот дека ќе работи професионално и согласно закон“, додаде Ременски.
За одлуката на ЈО Ременски вели дека е избрзана и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази може да станат основи за обвинение.
Ременски кажа дека нејзините политички активности за изборите се замрзнати, но дека нема ништо против тоа што не учествува во подготовката на изборниот процес.