Избирачките места во Србија се приближуваат кон затворање, а според последните податоци на Републичката изборна комисија (РИК), до 18 часот на гласање излегле 64,89 отсто од запишаните избирачи.
Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, соопшти дека гласањето на повеќето избирачки места се одвива уредно, иако биле забележани одредени помали неправилности.
Избирачките места се отворени до 20 часот, но гласањето може да продолжи и по тој термин доколку на некое избирачко место сè уште има избирачи кои не го оствариле своето право на глас, појасни Димитријевиќ.