Кандидатот на последните претседателски избори во Северна Македонија, Блерим Река, е предложен за министер за надворешни работи на Косово, пренесува ТВ21.
Претседателот на Косово Хашим Тачи се очекува денеска да му го додели мандатот за формирање на новата косовска влада на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, откако неговата партија победи на октомвриските парламентарни избори во земјата.
Сега следува 15 дневен период во кој новиот мандатар треба да достави предлог до Собранието за новиот владин состав, кој ќе биде гласан, по што Река и дефинитивно ќе стане министер за надворешни работи на Косово, доколку гласањето помине во косовскиот парламент.