Рочиштето за случајот „Рекет“ кое беше закажано за денеска е одложено. Причината е поради тоа што обвинетата екс специјална обвинителка Катица Јанева останала без адвокати.
Нејзините застапници Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев не можеле да присуствуваат на денешното рочиште. Причината била поради болест.
-На 15 јануари е стигнато барање за одлагање, бидејќи адвокатот Кадиев е на болничко лекување. Денеска стигна барање и од адвокат Ирена Фрчковска исто така за одлагање, која исто така била болна, но за разлика од Кадиев, нема доставено документација“, рече судијката Васка Николовска Масевска.
Следното рочиште е закажано за четврток.