4NEWS.mk

Дојава за бомба во Сити Мол, истовремено избил и пожар во една сендвичара

Дојава за бомба рано попладнево ги вознемири купувачите во трговскиот центар Сити Мол во Скопје.

Според информациите од МВР во 12:10 било пријавено дека во трговскиот центар има поставено бомба. Екипи на единицата за антитероризам веќе се во трговскиот центар и вршат пребарување, а присутните купувачи и вработените итно биле евакуирани.

Истовремено, во трговскиот центар избил и пожар во една сендвичара, но од МВР велат дека веројатно двата настани немаат поврзаност.
Наша екипа е на терен, наскоро очекуваме повеќе информации.

 

Александар Спасовски

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни