Претседателот на Собранието Талат Џафери, вечерва повика утре лидерите на политичките партии на средба, за да се утврди дали на 12 април ќе се одржат изборите.
Седницата за законот за ЈО е закажана утре во 11 часот, но за расправа се пријавија преку 30 пратеници, повеќемината од ВМРО-ДПМНЕ.
Вечерва Џафери ја прекина седницата, и ја закажа за утре.
Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ вечерва во „Клик Плус“ истакна дека ќе одат на ново мнозинство и редовни избори ако има опструкција на законите. Дали тоа би значело дека можно е да нема избори на 12 април? Ќе се знае во текот на утрешниот ден.