4NEWS.mk

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик одбележан во Кисела Вода

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, денеска во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа културнa манифестација, на која ученици од општинските основни училишта читаа лични литературни творби преку кои испратија пораки  за негување на македонскиот јазик.

На манифестацијата, во организација на Секторот  за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт пред пристуните за значењето на јазиците говореше Весна Костовска, виш научен соработник од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.

Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, на учениците кои твореа на тема „Негувањето на мајчиниот јазик е наш долг и наше наследство“ за победничките литературни творби им подели благодарници. Благодарница и беше доделна и на Весна Костовска од Институтот за македонски јазик. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни