Македонија

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост меѓу граѓаните.

Градскиот парк во Скопје вечерва беше преполн. Тешко каде што можеше да се најде слободна клупа. Многу луѓе се собраа, и искористија тоа што нема повеќе ограничување на движењето.

За прв пат после долго време нема ограничување, но властите најавија дека ќе има повторно полициски час ако бројката на заразени со коронавирус расте.

.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни