Македонија

Идејата на ДУИ за албански премиер – Груби: ВМРО и СДСМ со предрасуди

Интегративците и натаму ја промовираат идејата дека во идната влада премиер ќе биде Албанец. Артан Груби од ДУИ вели дека ова барање ќе биде само едно од точките кои ќе ги претстават на состаноците со потенцијалните партнери кога ќе се дискутира за формирање на Владата. Но колку ќе биде тоа возможно кога двете партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, веднаш откако ДУИ ја објави оваа идеја, изјавија дека нивниот кандидат за премиер е Христијан Мицкоски односно Зоран Заев.  

Се уште не е дискутирано за можните имиња за премиер, но Груби вели дека идејата е над партиска и ги повика другите албански партии да ја поддржат нивната идеја. Но што мислат другите партии за идејата на ДУИ?

Од партијата Алтернатива која е во коалиција со Алијанса за Албанците велат дека ова е само шега со Албанците.

Од Движење Беса велат дека овој предлог доаѓа бидејќи ДУИ е свесна за изгубениот рејтинг кај албанските гласачи.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни