Македонија

111 нови случаи со Ковид-19, Чаир, Бутел, Гази Баба и Аеродром се општини со најмногу заразени во Скопје

Скопје води по  бројот на заразени со Ковид-19. Чаир, Бутел и Аеродром се општини со најголем број заразени. 111 граѓани добиле позитивен резултат во последниве 24 часа од вкупно 854 тестирања, известуваат од МЗ. По градови, Скопје е на прво место со 63, Куманово 11, Штип 12, Тетово 8, Велес 3, Гостивар 3, Кочани 9, Крива Паланка и Охрид со по 1.

10 скопски општини со најголем број заразени се:

Чаир 152

Бутел 59

Гази Баба 58

Аеродром 53

Сарај 52

Центар 52

Карпош 40

Кисела Вода 29

Арачиново 23

Студеничани 18

На Клиниката за инфективни болести починале две лица, еден 53 годишен пациент од Струга и еден 80 годишен од Прилеп. Во меѓувреме ИЈЗ регистрирани се 6 оздравени пациенти.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во Македонија достигна 3025, оздравеле 153, а во моментов активни случаи се 1226.

Форбс“ објави листа која покажува кои земји се најбезбедни во време на пандемијата на коронавирусот. На првото место е Швајцарија, втора на листата е Германија, додека пак на 100. место се Бахамите. Според анализата Македонија е сместена на 103. место, а како најопасна земји се смета Јужен Судан која е последна на листата.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни