Македонија

Владина седница денеска во 14 часот

Денеска во 14 часот, Владата ќе одржи седница преку видео-конференциска врска.

На 63-тата седница, меѓу другото, на дневен ред се Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и Предлог-програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Една од точките на дневниот ред на денешната седница е и Предлог-програмата за изменување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за оваа година, на предлог на Министерството за економија.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни