Македонија

Штип е новото жариште на Ковид-19, Бочварски: Ситуацијата е алармантна

Во 70 текстилни фабрики во Штип вработени се најголемиот број на жители. Општината сметена на истокот од државата е една од најпогодените со коронавирусот. Тој се шири меѓу текстилните работници, но и во болничките ходници. Некои приморани, други пак превентивно ги затворија фабриките, текстилната индустрија замре поради Ковид-19.

„По викендот во текот на оваа недела веќе имаме и текстилни фабрики кои превентивно затвораат и во текот на оваа и претходната недела. Имаме текстилни фабрики кои работат со намален капацитет, но има и фабрики кои се уште работат и таму нема појавено случај со коронавирус.“, вели Бочварски.

Градоначалникот ги повикува и останатите малку фабрики кои останаа да работата, на работниците да им дадат колективен одмор. Денеска заврши и масовното тестирање во конфекциите. Од досега добиените резултати, речиси и да нема фабрика во која нема по најмалку еден позитивен, не само од Штип, туку и кај жители од Карбинци, Пробиштип и Чешиново-Облешево, кои се вработени во овие конфекции.

За ширењето на заразата се претпоставува дека виновни се и превозниците, кои вработените ги превезувале со автобуси без да ги почитуваат мерките за заштита.

„Имаше и такви кои во одредени моменти не ги почитуваа мерките.“, вели Бочварски.

ТВ21: Дали за тие веќе се изречени некакви казни, глубои или е покрената постапка за истите?

„Да изречени се глоби на повеќе превозници каде што е утврдено дека имало одредени неправилности.“, дополни градоначалникот на Штип.

Во Штип се воведени низа мерки во справување со вирусот. Дезинфекција на станбени влезови, дезинфекција на возилата кои влегуваат во градот како и јавни површини. Градоначалникот вели дека поради непочитување на мерките и опуштање дошло до оваа состојба.

„Ситуацијата во Штип во овие моменти е сериозна и мора сите сериозно да пристапиме со сериозни мерки и на превенција и на заштита. Ние во моментите кога се справивме, сме се опуштиле и како граѓани, јас кога велам граѓани мислам на секој поединце, бидејќи и јас како градоначалник пазарувам во маркет и јас треба да ги почитувам мерките.“, рече Бочварски.

Во Клиничкиот центар во Штип има и 24 пациенти кои се хоспитализирани поради коронавирус. Вирусот е проширен и болницата, па заразени се и двајца медицински работници. Регистрирани се пет кластери од кои најголем број се во текстилните фабрики. Поради појава на вирусот во институциите, затворени се Фондот за пензиско и фондот за здравствено осигурување. Работата на овие институции сега се одвива електронски.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни