„На денешната седница Владата усвои дополнување на уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес со која се задолжува МВР во рок од еден ден да ги достави листите на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или пасош како и листата на државјани кои ќе направат 18 години до денот на изборите или 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Со оваа одлука ДИК се задолжува да ги превземе сите неопходни активности за подготовка на изборниот процес согласно изборниот законик. Со истата одлука министерството за здравство се задолжува да ги обезбеди сите неопходни средства за заштита за членовите на избирачките тела.“, се вели во соопштението на Владата.
Ова значи дека по завршувањето на вонредната состојба, ако не биде прогласена нова, изборите ќе се случат на 5. јули, а Владата веќе се подготвува за истите.
За оваа уредба гласале сите членови на Владата, со исклучок на Наќе Чулев кој бил против.
.