Македонија

ВИДЕО: Скопје како Венеција, улиците под вода, канализацијата како фонтана!

Обилните врнежи од дожд предизвикаа и проблеми во делови од Скопје. Како што јавува репортер на ТВ21 од центарот на градот, улиците се под вода, а од канализационата мрежа се враќа вода.

Од видео материјалот кој го добивме, скопските улици изгледаат како Венеција.

Под влијание на циклонска активност над Апенинскиот Полуостров која се приближува кон нашето подрачје и денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни