Течат последните 12 часа во кои може лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да постигнат договор за датум за избори кој би бил различен од 5-ти јули.
По неуспешната синоќешна средба трета по ред кај претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска е последен пред за меѓусебен договор за датум за избори, пред истекувањето на вонредната состојба вечерва на полоќ.
Во вчерашното соопштение од кабинтетот на претседателот, се потенцираше дека лидерите денеска ќе продолжат со своја меѓусебна комуникација.
Доколку во следните 12 часа нема договор, вонредната состојба ќе заврши, по што ќе се активира уредбата донесена од страна на Владата за продолжување на изборните дејствија, по што избори ќе има на 5-ти јули.
.