Македонија

Дали Бутел станува урбана „џунгла“?! – Наместо парк и комерцијален објект, без дозвола почна да се гради зграда

Раскопано, уништен парк и багери кои интензивно копаат на просторот кај улиците „Ферид Бајрам“ и „Груица Војвода“  во општина Бутел. Земјиштето е приватно. Сопственикот, заедно со партнер инвеститор одлучиле да започнат со градежните работи.

Според првичната дозвола, предвидено е да се градат комерцијални објекти од втора категорија. Сепак, според информациите до кои дојде ТВ21, инвеститорите се пишманиле, па сакаат на ова место да изградат згради за домување. Но, вакво нешто не е предвидено со Деталниот урбанистички план на Општина Бутел.

Воедно, дозволата која ја добил сопственикот на земјиштето и неговиот партнер инвеститор е со важност од две години, а издадена во 2016-та година. Во дозволата, во која имаше увид ТВ21, пишува дека ако за две години не почне изградбата, дозволата повеќе нема да важи. Па и според ова, градежните работи кои во моментов се изведуваат таму се нелегални.

Сопственикот на земјиштето и инвеститорот, покрај настојувањето на ТВ21, сепак не сакаа да зборуваат пред камера.

Прашавме и во Општина Бутел. Градоначалникот Велимир Смилевски ги потврди информациите на ТВ21.

Сепак, додава дека за неколку години планираат да го сменат Генералниот урбанистички план.

„Ние видовме дека има багери и отидоа нашите служби. Се додека не се добие ново одобрение ништо не смее да чепка“, истакна Велимир Смилевски.

Сегашната дозвола која ја добил инвеститорот е добиена според Деталниот урбанистички план изготвен во 2012-та година. Дупот може да се менува на 10 години, па најверојатно се чека да се смени, па потоа да никне станбен објект.

„Во 2022-2023 година ќе се менува ГУП-от (Генерален урбанистичк план), значи градскиот урбанистички план. А, пота ние ова ќе го прилагодуваме според ДУП-от. Во моментот ние го прилагодуваме со ГУП-от што е направен во 2012 година“, додава Смилевски.

Граѓаните револтирани што нивната општина никнуваат нови згради, а се намалува зеленилото. На ова место како што сведочат граѓаните порано било парк и место каде децата си играле.

„Тука имаше барака порано, другото се парк беше. Сега се е унуитено. Нема ниту парк, ништо. Се е згради и ова ќе го срушат. Се уништија тука кај нас.Тука си играа децата“, вели граѓанка.

„Тука имаше продавница знам, сега тука нешто градат“, вели граѓанин.

Од општина Бутел ветуваат дека без да се направи промена на документацијата со ДУП-от, нема да се гради зграда. Освен промена на ДУП-от, дозвола ќе треба и од Министерството за транспорт и врски.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни