Македонија

Баражот Македонија – Косово на 8. октомври, финалето на 12. ноември

Европската куќа на фудбалот УЕФА, денеска донесе неколку важни одлуки, меѓу кои и кога би се играл бараж дуелот помеѓу Македонија и Косово за пласман на ЕП 2020 (преместено за 2021 година).

Дуелот во Лигата на Нации ќе се игра на 8. октомври, додека победникот од натпреварот, ќе го игра финалето на 12. ноември, по што ќе се знае патникот на Европското првенство идната година.

Баражот требаше да се игра во март, но беше откажан поради Ковид-19. УЕФА не соопшти дали дефинитивно останува Скопје да биде домаќин, и на кој начин ќе се игра мечот, односно дали со публика или без гледачи на трибините.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни