Економските мерки беа добри, но заглавија во реализацијата, бидејќи каматната стапка што требаше да се реализира на крајот на март за првиот пакет, се уште не е реализирана.
Заглавувањето во реализацијата, економистот и академик Абдулменаф Беџети ја адресира на нефункционирањето на институциите. Анализирајќи ги економските компоненти кои забележаа пад, Беџети смета дека Ковид-19 ја намали луксузната потрошувачка, а според него изненадува реализацијата на ДДВ-то. Според него, најзагрижувачки е третиот економски пакет каде подвлекува два недостатока. Добивањето ваучери од сопственици на компаниите и запоставеноста на учениците и студентите од приватни образовни институции.
„Намалена е динамиката на реализација и тоа е поради капацитетот на институциите и трансмисионите канали од моментот кога ја дизајнирате одлуката, до моментот на пренесувањето на одлуката во импактот на реалната економија или и во реалната потрошувачка на граѓаните. Затоа сметам дека економското опоравување може да не се одвива според очекуваната динамика, но се надевам дека во втората фаза на отворањето на економијата, тоа ќе даде свој импакт на стимулативните мерки.“, рече Беџети во „10МИНУТИ“ на ТВ21.
.