Македонија

АА: Ги поддржуваме приватните превозници, Арсовска да ги прифати нивните барања

АА: Ги поддржуваме приватните превозници, Арсовска да ги прифати нивните барања

„Алијанса за Албанците ги поддржува протестите на возачите на приватните автобуси во Скопје и се солидаризира со нивната борба за правда. Нивните барања се праведни и легитимни.

Ја повикуваме Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, под итно да седне на маса со приватните превозници, бидејќи покрај нив, сериозно се оштетени и граѓаните кои деновиве се соочуваат со недостиг на транспорт и хаос во сообраќајот.

Апелираме до граѓаните да бидат трпеливи во овие денови и да имаат разбирање за превозниците кои водат битка за елементарно право коешто неправедно им се ускратува“, велат од Алијанса за Албанците.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни