Македонија

Абази атер за мајка му се сликал со Бејта – „Само свадбарска е фотографијата со братот на Ахмети“

Абази атер за мајка му се сликал со Бејта – „Само свадбарска е фотографијата со братот на Ахмети“

Новиот Обвинител за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази денеска даде дообјаснување околу фотографиите кои излегоа во јавноста, а на кои може да се забележи дека е во друштво на високи функционери од ДУИ, објави СДК.мк.

Како што пишува порталот, Абази со Невзат Бејта од ДУИ случајно се сретнал на планински врв.

„Јас во период на викенди и одмори излегувам и планинарам. Хоби ми се ловот и планинарењето. Во тие делови се среќавам со луѓе и се поздравувам. Искачувањето на еден врв е радосен момент, и се практикуваат слики од формално-правен аспект. Со Бејта таму сме се нашле случајно. Мојата мајка потекнува од Гостивар и се знае со господинот Бејта. Тие имаат познанство. Така што, се сретнавме на врвот, и ништо повеќе од тоа“, кажа Абази.

За фотографија пак со братот на Ахмети вели дека била свадбарска.

„По однос на другите фотографии, јас и моите родители потекнуваме од Зајас. Тоа е село како што знаете и се случува јас и моите родители да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба или настан. На таа фотографија со братот на Ахмети, сме повикани на свадба. Сме се сретнале таму, и тоа е. На тие свадби ние никогаш не сме зборувале ни за предмети, ниту пак за политика“, додаде тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни