Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во 2016 година беше прва во државава што ја доби престижната акредитација Joint Commission International. Годинава болницата доби и реакредитација, уште еднаш потврдувајќи дека работи според светски стандарди, информираа по средбата со новинарите од таа здравствена установа. Медицинскиот директор на болницата проф.д-р Љупчо Лековски рече дека Комисија од JCI била во ревизија на болницата во периодот од 14 октомври од 18 октомври, која успешно завршила и докажале дека работат според строгите стандарди и принципи на JCI со што се гарантира безбедноста на нивните пациенти и сигурноста во спроведување на медицина и постапки базирани на медицински докази.