Аеродромот во Брисел привремено затворен откако е забележан дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот.

Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во моментов се суспендирани, наведувајќи дека не може да каже колку долго аеродромот ќе остане затворен, објави Ројтерс.

Помалиот аеродром во Лиеж, исто така, соопшти дека во моментов е затворен откако беа забележани дронови.