Реакција стигна и од агенцијата за разузнавање каде што се изненадени и изразувааат жалење што ВМРО-ДПМНЕ избра на ваков начин да комуницира со национална институција задолжена да работи на одбраната и безбедноста на државата и за општото добро на граѓаните.Целосно невистинити и дезинформации се исказите со кои се обвинува директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу за судир на интереси поврзани со кадровски решенија во службата.
-Во врска со спомнатото лице и наводите на ВМРО-ДПМНЕ, Агенцијата за разузнавање потенцира дека се работи за професионалец кој има 18-годишно искуство во безбедносно-разузнавачкиот сектор и е истакнат експерт во меѓународни рамки. Во однос на ставовите дека ова лице изнесувало „инсајдерски“ информации од Агенцијата, ја охрабруваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да ги достави до надлежните државни институции.Истовремено, посочуваме дека политичките субјекти во Република Северна Македонија во своите дневни политички настапи треба да покажат одговорност, особено во овој период кога се враќа довербата на граѓаните во институциите согласно напредокот на интегративните процеси на нашата држава во НАТО и ЕУ-велат од Агенцијата за разузнавање.