Вчера, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.М.(28) од село Челопек, по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово.
Тој бил пријавен дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л.А.(31) од с. Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му пружи медицинска помош.
По пристигнувањето на полициските службеници, М.М. продолжил со агресивно однесување и физички нападнал еден од нив. Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.