Ахмети- Која: ДУИ подготвена за претседателските избори

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г-дин Али Ахмети се сретна со Амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, елаборираше околу политичката ситуација во земјата и регионот, владеењето на правото, изборите и други теми со меѓусебен интерес.
Претседателот Ахмети го поздрави унапредувањето на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот Договор во многу повисоко ниво во Министерство, истакнувајќи дека ова е многу важно достигнување кое уште повеќе го засилува духот на Охридскиот Договор.
Господинот Ахмети зборуваше и за ангажирањето на ДУИ во насока на владеењето на правото и исполнувањето на европските стандарди истакнувајќи ја конструктивната и одлучна улога што ја одигра ДУИ во создавањето и донесувањето на реформските пакети.
ДУИ се надева дека овие напори ќе се земаат во обзир од земјите членки на Европската Унија. Во врска со претседателските избори г-дин Ахмети даде до знаење дека сите изборни штабови се формирани во сите ограноци на ДУИ и се функсионални во насока на победа на концептот на заедничкиот консензуален кандидат.
Ахмети и Која разговараа и за случувањата во регионот како и за процесот на зачленувањето во ДУИ и за Конгресот што треба да се одржи после завршувањето на изборниот процес.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното