Македонија

Ахмети одлучен: „Охридскиот договор“ како министерство ќе има повеќе легитимност и сила

Прераснувањето на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во Министерство за политички систем е завршена приказна и нема назад. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека на ваков начин му се дава поголема легитимност и сила како министерство за да ги спроведе и материјализира сите легислативни аспекти на Рамковниот договор.

-Овој секретаријат да прерасне во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, бидејќи на овој начин му се дава повеќе моќ и легитимитет како министерство за да го оживее и материјализира легислативниот дел од Охридскиот договор. Самиот секретаријат немаше имунитет во предлагање и составување закони, додека Министерството го има тој потенцијал – изјави Ахмети.

За реакциите на поранешните команданти на ОНА, Ахмети рече дека поинаквото мислење никогаш не ја ослабне ДУИ, туку само ја засилила партијата.

-Поинаквото мислење никогаш не ја ослабне ДУИ, туку напротив ја зајакна и никому не му е лишено правото да изрази такви мислења. За целата ситуација е одлучено во високите партиски органи, согласно програмата на ДУИ и истата е образложена и разговарана со останатите политички партии – вели Ахмети.

На прашањето кој ќе раководи со новото министерство, Ахмети рече дека сѐ уште е рано за такво нешто. Оваа изјава, претседателот на ДУИ, ја даде во текот на промоцијата на книгата „Дипломатска победа“ на професорот Сабри Кичари.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни