Македонија

АХВ: ЗОО Скопје имале детектирало угинато животно, но не постапиле по законски процедури

АХВ: ЗОО Скопје имале детектирало угинато животно, но не постапиле по законски процедури

ЗОО Скопје на 14.10.2024 година открило угинато животно, но не постапило согласно законските процедури за пријавување на сомнеж за заразна болест до надлежниот ветеринар. Наместо тоа, самостојно испратиле примерок до Факултетот за ветеринарна медицина, што е прекршување на законот.

На 18.10.2024 година потврден е случај на авијарна инфлуенца (птичји грип, сој H5N1) кај гуска. И повторно, ЗОО Скопје не ја известило Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на соодветен начин, што е во спротивност со прописите.

„На ден 18.10.2024 год за жал на сите нас е добиен наод со кој  е потврден случај на присуство на вирусот на авијарна инфлуенца – птичји грип, сој H5N1 кај гуска. И покрај ваквата информација, повторно ЗОО Скопје не почитувајќи ги законските прописи не ја извести АХВ на законски пропишаниот начин, односно постапила спротивно на член 4 од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста авијарна инфлуенца бр 161/2016, односно секое присуство или сомнеж на авијарна инфлуенца се пријавува веднаш, односно во што е можно пократок рок до АХВ“, се вели во соопштението.

На 19.10.2024 година, официјалниот ветеринар од АХВ извршил инспекциски надзор во ЗОО Скопје, воведувајќи забрани за влез на посетители и ограничувања во одгледувалиштето. Применети се мерки за дезинфекција и заштита на живината.

АХВ потврдува дека работи во служба на граѓаните и се залага за високи стандарди во здравјето на животните. Директорот на АХВ издал решение за прогласување на болеста и уверува дека сите активности се спроведуваат согласно законските и меѓународните протоколи.

Се нагласува дека АХВ продолжува со истражување на ситуацијата во ЗОО Скопје и апелира на доверба во стручните служби за заштита на животните и здравјето на луѓето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни