Ако куче нападне или касне дете: Еве што прво треба да направите!

Децата често знаат несвесно да ги испровоцираат кучињата да ги нападнат.

Што треба да направат родителите во тој случај?

Една од најсериозните последици од каснување од куче е инфекција со вирус на беснило, па затоа е неопходно лекарот да ја погледне раната и да му даде вакцина на детето.

Ако кучето го касне, прво смирете се и обидете се да го смирите детето, а ако не можете веднаш да одите на лекар, применете го следново:

  1. Измијте ја раната

Хигиената е најважна за да се спречи ширење на инфекцијата и ширење на други микроби и честички на отворената рана. Исплакнете ја раната и областа околу неа со што е можно повеќе чиста вода, по можност флаширана, за да ја отстраните плунката на животното. Во случај каснувањето да се случило во природа, имајте на ум дека водата од езеро или река не е можна за плакнење на раната.

  1. Дезинфекција

Следниот чекор е испирање со антисептик – обично хидроген. Во случај да го немате, ќе користи и чај од камилица или тинктура од невен.

  1. Заштитете ја раната од бактерии

Нанесете јод на рабовите на раната за да избегнете дополнителни инфекции.

Забелешка: Не покривајте ја раната со фластер или завој, таа мора да дише.

Вакцина против беснило

Ако вашето дете било каснато од куче од луѓе што ги познавате, прашајте дали е вакцинирано против беснило во тековната година. Ако е така, нема закана. Ако не го познавате добро сопственикот, побарајте доказ за вакцинација, за да бидете 100% сигурни дека ја кажува вистината.

Во случај да не можете да добиете веродостојни информации или вашето дете е каснато од скитник, однесете го на лекар што е можно поскоро!

Беснилото е смртоносна инфекција која предизвикува воспаление на мозокот. Штом ќе се појават знаци на беснило кај заразено лице, нема шанси за лекување. Единствен спас е навремена вакцинација веднаш по каснувањето.

Истите мерки важат и доколку дете каснат мачка, стаорец, птица… Сите овие животни можат да бидат носители на опасни вируси.