Македонија

Активни четири пожари во Македонија

Активни четири пожари во Македонија

На територијата на Република Северна Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, велат од ЦУК.

Активни: 4

Под контрола: 5

Изгаснати: 4

АКТИВНИ: 4

1. Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино – планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);

2. Општина Прилеп: с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (под контрола), друг крак према с. Градешница (Опш. Новаци) и трет крак кон границата со Р. Грција (мешана шума);

3. Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп), и Галиште и Трстеник (Кавадарци) (мешана шума и ниска вегетација);

4. Општина Крушево: Градска депонија кај м.в. Струнга (ѓубре, сува трева и нискостеблеста шума).

ПОД КОНТРОЛА: 5

1. Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација);

2. Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума);

3. Општина Делчево: Градска депонија Острец (ѓубре);

4. Општина Прилеп: ул. Јоска Јорданоски (ниска вегетација);

5. Општина Куманово: с. Градиште (ниска вегетација).

ИЗГАСНАТИ: 4

1. Општина Македонски Брод 1: с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација);

2. Општина Македонски Брод 2: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);

3. Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума);

4. Општина Струмица: с. Просениково (трска).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни