Од Центарот за управување со кризи информираат дека примен е повик од лице кое се наоѓа во викендица во с.Леуново, на локација над Хотел Радика, кој е со сопругата кој цело време е приклучена на апарат за кислородна поддршка кој работи на струја.
Во координација со ПС Маврово и Итна Медицинска Помош Гостивар, истите беа на лице место, но поради висина на снежна покривка од околу 1 метар, не се во можност истата да јa пренесат до амбулантното возило. Лицето поседува и агрегат за струја, во случај да снема.
Во координација со одговорното лице од ЕЛС Маврово Ростуше договорено е денес околу 09.30 часот да се интервенира во чистење на делницата од 100 – 150 метри се до влезната врата на викендицата, за да може екипа од ИМП Гостивар да ја преземе и транспортира пациентката до Клиничката болница во Гостивар. За оваа ситуација известени се и ДЗС Гостивар и РЦУК Гостивар.