Al Jazeera Balkans го гаси сигналот: „Затвораме со достоинство“

По 14 години постоење, Al Jazeera Balkans (AJB) ја прекинува својата работа и го гаси сигналот. Веста ја сподели долгогодишниот новинар на мрежата Саша Ќерамилац, кој беше дел од тимот цели десет години.

„За мене AJB беше многу повеќе од работа – беше простор на слобода, професионалност, љубопитност, поддршка и смисла. Редакција во која се дишеше новинарство, се мислеше за зборовите и се почитуваа гледачите“, напиша Ќерамилац во емотивна објава.

Тој нагласи дека заминувањето на AJB од медиумската сцена не значи само крај на една телевизија, туку и губење на новинарски стандарди и на регионален глас кој „не викал, туку слушал, разбирал и поврзувал“.

„Гордо сум на сите колеги со кои работев, на храброста, знаењето, хуморот и човечноста што ги делевме. Гордо сум на секој прилог, емисија, соговорник, тишина и кадар. Ви благодарам што не гледавте и верувавте дека ваквото новинарство вреди. Вредеше. И ќе вреди повторно, некаде, некако,“ напиша Ќерамилац.

Тој додаде дека вратите се затвораат со достоинство и со вера дека сè што заеднички граделе нема да исчезне.