Балкан

Албанија има втора најскапа струја во регионот

Албанија има втора најскапа струја во регионот

Албанија е втора по Црна Гора меѓу земјите со највисоки цени на струјата во регионот, се вели во извештајот на Евростат за цените на струјата и гасот за потрошувачите во домаќинствата во првата половина на 2021 година, пишува Albanian Daily News.

Податоците покажуваат дека цената на еден киловат час струја во Албанија, вклучувајќи ги сите даноци и такси, била 0,093 евра во првите шест месеци од 2021 година. Само Црна Гора имала поскапа струја од Албанија – 0,097 евра за киловат час.

Граѓаните на Косово имаа најевтина струја во регионот – 0,060 евра за киловат час. Во Босна потрошувачите плаќале 0,086 евра за киловат час, во Србија 0,081 евро за киловат час.

Еуростат посочува дека цените на енергијата значително се промениле во 2022 година, при што енергенсите стануваат поскапи во повеќето земји, но има и земји каде што цените паднале благодарение на владините субвенции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни