Балкан

Албанија ќе бара злато во неколку области – објавен оглас за пријавување компании

Албанија ќе бара злато во неколку области – објавен оглас за пријавување компании

Албанското министерство за инфраструктура и енергетика преку објава ги поканува компаниите заинтересирани за пребарување и откривање на нови рударски области во земјата.

Станува збор за четири рударски области од интерес за истражување и откривање а понудите заинтересираните компании може да ги достават до 6 септември.

– Она што се издвојува во списокот од четири области се две од нив кои имаат за цел потрага и откривање на злато, едната се наоѓа во Либражд, а другата во Мирдита. Останатите две рударски области се доделуваат за откривање на бакар во Мирдита и за експлоатација на минерал шкрилец во Скрапар, објави весникот Монитор.

Министерството бара од понудувачите да достават понуда само за една конкурентна област, во која се обврзуваат дека ќе ги прифатат условите и обврските кои произлегуваат од изборот во конкурсната постапка.

Во објавата се додава дека трошоците направени за учество во конкурсната постапка не се надоместуваат од страна на договорниот орган.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни