Познатиот албански водител Елтон Тозај бил жртва на брутален напад што се случил синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана–Драч.
Како што пренесуваат медиумите, нападот бил извршен од страна на неколку лица под сè уште неразјаснети околности.
Информацијата за инцидентот ја потврди неговото семејство преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека Тозај се наоѓа во критична состојба на интензивна нега.
Поради сериозноста на повредите, постои реална опасност новинарот трајно да го изгуби видот.
До овој момент, државната полиција нема излезено со официјално соопштение за мотивите или сторителите на овој грозоморен чин.
